Охридските ракометари совладувајќи го составот на Еурофарм Пелистер 2 со 24-21 ставија точка на серијата без победа во плејофот од Супер лигата. „Гладијаторите“ новата, вкупно трета победа во разигрувањето ја обезбедија со добрата игра во одбраната, но нападот го имаше потегот на денот. Пивотменот Кристијан Димитриески со луциден погодок ја круниса тимската акција на Охрид во која учествуваа сите ракометари. Погодокот можете да го погледнете на следниов линк, тука.

OhridNews