Ракометарите на Охрид го задржаа максималниот ефект во македонската ракометна елита, победувајќи го Јуниор КВ со 30-21, во претпоследната рунда од Супер лигата. Натпреварот изобилуваше со убави акции, потези и голови, но за издвојување е погодокот во режија на Мартин Иванаовски и Игор Чагаљ. Ивановски со магично додавање го пронајде Чагаљ на кој му остана полесната задача од работата. Погледнете и уживајте!
OhridNews