Францускиот зоолог Пјер Тивилон посвоил горило по име Дигит, која за него претставува рамноправен член на семејството. Пјер и неговата сопруга Елена се сопственици на зоолошка градина во близина на Лион,  а Дигит ја посвоиле откако била отфлена од мајката по раѓањето.


Родена била 1989 година, а откако мајката одбила да ја дои, во акцијата за спасување на нејзиниот живот се вклучило и семејството Тивилон. Таа сега има 80 килограми, а може да живее до 50 години. Иако е многу поголема од луѓето со кои живее, таа во нивна близина се однесува многу опуштено и ужива во вниманието кое Пјер и Елена и го посветуваат.