Жителката на Кина, Хуанг Лији, посвоила едно мече, кое редовно го храни со ориз и млеко. Мечето е тешко седум килограми, а откако ќе порасне до дваесет килограми, ќе го пушти во своето природно живеалиште во прашумата. Секојдневно го храни по четири пати, го остава да си игра со нејзиното куче, па на крајот го заспива.
Рекла дека му направила дрвена кутија за спиење, а откако мечето само ќе се искапи, му става пелени и го заспива. Јанг Хуичен во планината пронашла две напуштени мечиња, а едното и го дала на Хуанг за да се грижи за него.