Македонската женска сениорска репрезентација по три години “мирување“одигра официјален натпревар и победи.
Македонија со 67-64 (18-19, 15-15, 19-15,15-15) ја совлада селекцијата на Естонија во рамките на 1. коло од “Б“ Групата во “Б“ Дивизијата.
Третиот период ни го трасираше патот кон победата, додека одлучувачка во победата беше смирената игра во финишот на натпреварот.
По овај меч, на 30 август гостуваме во Луксембург, а на 3 септември сме слободни. Натпреварите продолжуваат на 6 септември против Португалија дома, а завршуваме на 10 септември на гости кај Шведска.
Преостанатите 5 кола ќе се одиграат во 2009 година, а датумите на одигрување ќе бидат одредени дополнително.
Ohridnews