Веројатно сте чуле дека земањето пилули може да го зголеми ризикот од рак на дојката. Елизабет Бибер, автор на студијата и научник на Fred Hutchinson центарот за истражување на рак во Сиетл, многу внимателно ги тумачи наодите од истражувањето.

Бибер и нејзината екипа ги прегледале здравствените картони на 1 102 жени со дијагноза рак на дојка и 21 952 картони на жени кои немале рак на дојка. Откриле дека контрацептивните пилули може да го зголемат ризикот од рак на дојка за 50% во рок од година дена земање, во споредба со оние кои никогаш не користеле контрацептивни пилули.

Контрацептивните пилули кои содржат високи дози на естроген го зголемуваат ризикот од рак на дојка за 2.7 пати, а оние кои содржат умерени дози естроген за 1.6 пати. Ниските дози на естроген не го зголемиле ризикот од рак на дојка.

Меѓутоа, како што истакнува Бибер, тоа се прелиминарни резултати и треба да се повторат и повторно да се интерпретираат. Бидејќи оралните контрацептиви пружаат низа предности, како спречување на бременост, ослободување од ПМС, синдром на полицистични јајници, го намалуваат ризикот од рак на јајниците, жените никако не би требало да го базираат мислењето за контрацептивните пилули на основа на ова истражување – вели Елизабет Бибер.

извор:zena.hr