Поради организирање на новиот режим на сообраќај на територија на општина Охрид, автобуската постојка на Булевар Туристичка кај зградата „Печијаре“ се преместува во непосредна близина на пекарата „Мартина“, соопшти локалната самоуправа.

Новата локација ќе биде во функција од 05.12.2018 година, информира општината.

Оваа автобуската постојка го кочи сообраќајот на булеварот „Туристичка“, бидејќи е лоцирана многу блиску до кружниот тек кај Охридска Банка. Поради узурпација на просторот предвиден за автобуски превоз, превозниците често застануваат на коловозот од булеварот со што се стеснува протокот на возила.

Сите досегашни обиди да се стави ред во одвивањето на градскиот и меѓуградскиот автобуску сообраќај на оваа локација не вродија со плод и покрај бројните негодувања на граѓаните.

OhridNews