Премиерот Димитар Ковачевски објави дека е постигнат договор со Сојузот на синдикати и со работодавачите за минимална плата од најмалку 18.000 денари.
Почнувајќи од мартовската плата, 80.000 сограѓани, работници во различни индустрии, ќе земаат најмалку 18.000 денари, најави Ковачевски на својот фејсбук профил.
Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите. – напиша премиерот Ковачевски.
Оваа сума, како што рече, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.
Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните. – напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
OhridNews