Охриѓани можат да здивнат. Прекин во водоснабдувањето нема да има откако претставниците на општината, „Проаква“ и ЕВН, на состанокот што денеска се одржа во Скопје постигнаа е договор околу начинот на сервисирање на долгот од 1 милион евра на меѓуопштинското јавно претпријатие.
Договорено е снабдувањето на „Проаква“ со електрична енергија да тече непречено откако еден дел од долгот кон ЕВН е платен. Останува да се сервисира поголемиот дел од долгот за колекторот, соопшти ликалната самоуправа.
Проаква засега куртули-Бранко Трпчески
Како што сме информирани, на средбата било договорено долгот за колекторот да се отплаќа на рати. Со цел навремено сервисирање на долговите од што зависи и снабдувањето на колекторот со електрична енергија било договорено во подмирување на овие трошоци да се вклучат и надлежните владини органи пред се Министерството за животна средина, соопшти локалната самоуправа.
Преговорите помеѓу општината Охрид, „Проаква“ и ЕВН ќе продолжат на 10-ти април.
ohridnews