Вo Охрид денеска постхумно ќе биде промовира книгата „Охридски раскази“ од Зоран Ковачески.

Издавањето на оваа книга е своевидно оддолжување на родниот Охрид кон творештвото на починатиот Ковачески, кој беше судија во Основниот Суд во Охрид, а во македонското литературно творештво важеше за мајстор на кусиот расказ во поновата македонска проза за што сведочат бројни награди што ги добиваше на разни конкурси.

Промотивна беседа по повод издавањето на книгата ќе одржи познатиот книжевник и литературен критичар, Венко Андоновски. Промоцијата која е поддржана од локалната самоуправа  ќе се одржи во големата сала на зградата на  општината со почеток во 19 часот.

ohridnews