Американската филмска асоцијација го забрани постерот за второто продолжение на филмот „Sin City“ на кој е прикажана француската актерка Ева Грин во провиден фустан со револвер во раката. Причина за забраната е премногу голотија.

„Дојката и темната брадавица јасно се гледаат низ провидниот фустан”, се наведува во соопштението на Асоцијацијата.

Првиот дел на „Sin City” стана озлогласен поради премногу насилство во него.

Филмот е работен според графичката новела на Френк Милер кој заедно со Роберт Родригез го режираше филмот.

Продолжението „Sin City: A Dame To Kill For” е работено според втората книга од серијата на Милер и е продолжение на некои приказни од првиот дел. Во филмот повторно се јавуваат Џесика Алба како Ненси Калахан и Мики Рурк како Марв.

Покрај нив, во филмот глумат и Џозеф Гордон Левит, Брус Вилис, Росарио Досон, Џош Бролин, Џејми Чанг, Кристофер Лојд, Лејди Гага и други.

„Sin City 2“ во кино салите ќе почне да се прикажува во август.

OhridNews
извор:„Макфакс“