Еден од најстарите постери на кој се наоѓал Мики Маус бил продаден на аукција за повеќе од 100 илјади долари, соопштила аукциксата куќа Херитеџ. Постерот од 1928 година за познатиот лик од цртаните филмови му припаѓал на семејството на анонимен колекционер од Северна Калифорнија. Мики Маус бил нацртан во 1928 година од Волт Дизни, а постерот во боја го прикажувал насмеаниот Мики како мавта со својата позната ракавица и рекламира „Мики Маус цртан филм зо звук“.
Постерот бил продаден во Далас, Тексас, за 101 илјада долари, а купувачот сакал да остане анонимен. Директорот на аукцијата за филмски постери Греј Смит во соопштението го нарекол постерот важен дел од поп културното наследство и додал дека тој е можеби единствениот постер на Мики Маус кој бил направен до 1930 година, кога Колумбија Пикчрс започнале со дистрибуција на цртаните филмови на Дизни. Мики Маус станал еден од најпознатите анимирани ликови и симбол на компанијата Дизни.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com