Последниот настап на македонските атлетичари на Купот на Европа во Словачка, е само уште една потврда на онаа народната “колку пари – толку музика“.

Пред заминување на натпревар на жалост наша девиза е “само да не бидеме последни“. Откако ги изгледав натпреварите јасно ми стана што сакале селекторот и останатите од експедицијата да кажат. Времето на импорвизации за некого одамна изумрело.
–    Резултатите на нашите атлетичари би биле многу подобри доколу се вложи повеќе во инфраструктурата на терените. – вели селекторот на репрезентацијата Влатко Димитров.  Поставувањето на тартан патека на СРЦ Билјанини Извори не само што ќе ги подобри резултатите, него ние како град Охрид редовно би биле дел од големите натпреварувања.
 
За настапот на ОИ во Пекинг, Селман се подготвуваше и во Келн, Германија. Условите таму и условите овде се небо – земја разлика. Слично како и неговиот ментор, размислува Селман Реџеп кандидат за вајлд карта за ОИ.

–    Тешко е да повлече паралела од условите таму и условите овде. Рапидно брзо би се развила атлетика со постаувавањето на тартан патека во Охрид, кој досега покажал дека е расадник на таленти.



Селекторот Димитров со олимписките кандидати Реџеп Селман и Ивана Рожман
Желба на сите нас е да ја видиме Македонија како дел од некое големо натпреварување во екипна конкуренција. Но реално гледано нашата шанса за презентација на нашата држава на големите натпреварувања сепак се малите спортови.

М.Постоловски