Кристи Биргу, 27 годишен романец, се занимава со изработка на кукли. Дошол на идеја како да го промовира бизнисот. На улицата поставил пластични кукли проститутки, но со тоа го навлекол бесот на локалното население. Се жалат дека куклите со нивниот реален изглед ги попречуваат возачите и не се прикладни за деца.


„Моите проститутки го привлекуваат вниманието на возачите. Стално им свират, но тоа за жал не ми донесе нови муштерии. Понекогаш се плашам дека може да дојде до инцидент. Ако возачот предолго се загледа во куклата, би можел да заврши надвор од патот“ – вели романецот.