Во рамките на проектот DISSIWMS како дел од програмата IPA-CBC помеѓу Северна Македонија и Албанија, беше реализирана уште една активност од овој проект. Станува збор за поставување централно греење во просториите на Противтивпожарна едицица во Струга (ТППЕ), информираат од Општина Струга.

Оваа активност доаѓа веднаш по завршувањето на главната активност за поставување сензори за откривање пожари во шуми и планини, инсталирани во Струга и Либражд (Албанија), како партнер на овој заеднички проект, велат во соопштението.

Потенцираат дека следна активност, според планот на проектот е реконструкција на зградата на противпожарната единица во Струга.

OhridNews