По повод претстојниот празник, Денот на жената, на плоштадот „Крушевска Република“ поставени се тезги за продажба на цвеќе и цветни аранжмани.
Изборот е разновиден, а цените поволни, велат од ЈП Градски пазар.
Вообичаено и цвеќарите нудат голем избор на цвеќе и други подароци, а како и секоја година и оваа не изостануваат понудите кои ги нудат рестораните и кафитериите. Гледајќи години нема да изостанат осмомартовските организирани прослави.
Денес пред осмомартовски настани на кои ќе може да уживаат припадничките на понежниот пол има во Центарот за култура и во црквата Света Софија.
OhridNews