Деновиве се поставени тараби кај ОУ „Григор Прличев“, каде  политичките партии за време на предизборната кампања за претстојните претседателски и локални избори во Охрид, ќе имаат право да поставуваат плакати.


Оваа локација е една од трите на кои ќе биде дозволено плакатирање за време на предизборната кампања. За таа намена ќе се користат и тарабите пред хотелот „Палас“ од страната на кејот, како и просторот кај спортското игралиште на бул. „Туристичка“ на северниот влез од Охрид, каде исто така треба да бидат поставени тараби.


Според законот, општините се должни да одредат локации на кои учесниците во изборната кампања ќе можат да поставуваат плакати. За неодредување на такви места следи парична казна за локалната самоуправа, а санкции се предвидени и за учесниците во изборната кампања кои ќе лепат плакати надвор од просторот определен за таа намена.