Успешно заловени две единки на еребици камењарки и поставени ГПС предаватели од страна на тим научници од МЕД, DOPPS – BirdLife Slovenia и Национален парк Галичица.

Целата акција се одвиваше во националниот парк Галичица околу локалитетите Велестово, Дава Ливада и цирковите под врвот Магаро. Статусот на еребиците камењарки на глобално ниво се движи кон засегнат, а кај нас постојат многу малку податоци за нивната екологија и живот. Затоа, истражувањето со помош на телеметрија може да ни обезбеди јасна слика за територијата која ја користат, социјалното однесување на единките, распространувањето, презимувачките локации како и нивните закани, велат од МЕД.

Додаваат дека со оглед дека станува збор за ловна птица колку повеќе се знае за неа толку полесно ќе може да направат добри акциски планови, мониторинг планови и ефективни конзервациски мерки.

Спокојно лето им посакуваме на Ереба и Рок и се надеваме дека долго ќе можеме да ве известуваме за нивниот живот!, додаваат од МЕД,

OhridNews