Како дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид, денес, беше промовиран проектот „Паркинзи за велосипеди“-поставувањето на нови постојки за велосипеди на девет локации низ градот.

  • Во насока на градење здрави животни навики и во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај пред се во централното градско подрачје ние како локална самоуправа поддржани од ГИЗ и ЗЕЛС остваривме проект вреден околу 600 000 денари за поставување на девет велосипедски постојки на повеќе локации во градот. Имаше потреба од соодветни места за паркирање велосипеди . Станува збор за  проект кој е корисен и практичен за охриѓани. Всушност, малите нешта го поедноставуваат животот на луѓето и го прават поефикасно нивното секојдневно движење низ градот, рече градоначалникот Константин Георгиески.

Градоначалникот најави и нов проект  и проширување на инфраструктурата за велосипеди.

  • Ние сме во фаза на изработка  на еден проект за формирање систем на градски велосипеди којшто ќе биде електронски, како во сите модерни градови. Сите нови улици кои се проектирани или се во фаза на градење ќе добијат велосипедски патеки како што е случајот со улица „АСНОМ“ каде се градат две, додаде Георгиески.

Постојки за велосипеди се поставени во близина на поштата, на улица „Македонски Просветители“ кај скаличките во близина на  трговски центар „Амам“, на улица „Туристичка“ кај охридскиот зелен пазар, кај меѓуградската автобуска станица во Охрид , пред „Маларична“, кај Факултетот за туризам и угостителство и пред општинската зграда.

OhridNews