Вкупно 10 нови корпи за отпадоци беа поставени денеска на плоштадот „Свети Климент Охридски“ и на „Малиот плоштад“ кај Долна Порта.
-Новите корпи имаат поестетски изглед и функционалност и имаат поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет. Досегашните корпи за ситен отпад ќе бидат дислоцирани на локации каде има потреба од овој вид на урбана опрема, информираат надлежните во Јавното препријатие.
Тие најавуваат дека во пресрет на новата туристичка сезона 2015 година, планирано е и постепено обновување урбаната опрема на целата територијата на општина Охрид.
OhridNews