Ј.П.”Охридски Комуналец” постави нови корпи за отпадоци во централното подрачје на градот. Поставени се метални корпи во паркот околу рибниот ресторан и околу 100 корпи со најлон кеса по градската чаршија, окoлу градскиот пазар, во стариот дел од градот, ул.”Гоце Делчев”, “Македонски Просветители” , “Партизанска” и “Димитар Влахов”.

Уште стотина нови корпи кои ќе ги заменат старите- бетонски, ќе бидат поставени во поширокото градско подрачје.

Ohridnews