Екипите на ЈП ” Охридски Комуналец” деновиве поставија канти за отпадоци на плажите кои не се издедни под концесија, на потегот од тег Горица 3 до Пештани.
Покрај ова предвидени се повеќе други мерки за зголемување на јавната чистота во летната сезона, најави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецaков.
Покрај секојдневното машинско миење на коловозите кое се одвива во вечерните часови, се спроведе и темелно миење со црево каде има пристап, по тротоари, скејт-паркот и џебовите каде се поставени контејнерите за депонирање отпад, информира Пецаков.
Исто така, етапно се расчистува просторот околу коловозот на патниот правец Охрид-Св.Наум од расфрлани ситни отпадоци (лименки, пластична и картонска амбалажа и др.)
OhridNews