Специјален нуркачки тим денеска ја поставува опремата за извелекување на бродот „Илинден“ кој пред 14 дена потона во водите на Охридското Езеро. Извлекувањето ќе се изврши со воздушни балони кои веќе се поставени, за да се избегне евентуално оштетување на бродот. Неизвесно е дали „Илинден“ денеска ќе биде извлечен од езерските води или тоа ќе се направи утре. Одлуката треба да ја донесе раководниот тим на специјализираната хрватска компанија „Дубинa“ кој попладнево ќе допатува во Охрид.


 Поставени балоните кои треба да го подигнат „Илинден“

Ohridnews