Деновиве започна изведбата на деталите на охридската Гимназија што е дел од автентичната реконтрукција на зградата која е изградена пред 80 години. Во рамки на реконструкцијата деновиве е поставена и првата ограда на куполата на кровот на Гимназијата, а во тек е изработката и на втората ограда која ќе биде поставена наскоро и со тоа целиот кров ќе го добие оригиниланиот изглед кој остана регистриран само на фотографиите пред опожарувањето на објектот во почетокот на 30-те години на минатиот век, информираат од локалната самоуправа.


поставена првата ограда на куполата од Гимназија

Како што веќе информиравме во поткровјето на Гимназијата ќе биде сместена Светската академија на хуманизмот. Таму е предвидено секоја година на Водици да биде доделувана светската награда за хуманизам Реконструкцијата на Гимназијата се прави во најголем дел со средства на Локалната самоуправа и помал дел средства на Светската банка.


Стариот изглед на Гимназијата(фото: ohrid.gov)

ohridnews