Откако жителите од „Сирма Војвода“ преку OhridNews јавија дека веќе година дена, на пресекот со улицата „Дејан Војвода“ не постои соодветен сообраќаен знак со кој ќе се регулира првенството на поминување, деновиве истиот е поставен.

Инаку, според охриѓани оваа локација претставува една од најопасните крстосници во Охрид, поосебно во летниот период, кога возачите не ги почитуваат соодветните сообраќајни знаци.

O.T.