Попладнево на свечен начин со верска церемонија беше поставен камен темелникот на првата од двете социјални згради кои ќе бидат изградени во охридската населба Расадник.


Зградата која денеска започна да се гради ќе има 70 станови кои ќе бидат наменети за лица со помали примања и социјално загрозени лица. Уште една таква зграда во Охрид ќе започне да се гради за месец или два најави премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на настанот. Груевски најави дека во наредните 4 години според програмата на Владата во Македонија ќе бидат изградени вкупно 2500 социјални станови.

На поставувањето на камен темелникот на социјалната зграда што ќе ја гради јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен комплекс присуствуваа и повеќемина пратеници, како и градоначалникот на Охрид Александар Петрески кој имаше краток разговор со премиерот Груевски.

Ohridnews