Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство во врска со убиството на трочленото семејство во Дебар што се случи минатата недела, поднесе кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, како и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во врска со „убиство“.

Б.П., Ф.Г. и В.К. се приведени, а судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар им одреди притвор во траење од 48 часа.

Неофицијално, притворената 28-годишна жена е постарата ќерка од семејството Поцеста која се сомничи дека го извршила убиството. Мотивите и понатаму остануваат непознати.

Според неофицијалните информации, таа откако ги убила заминала за Италија, а ден подоцна повторно се вратила за погребот.

OhridNews