Надлежната општинска комисија денеска спровела постапка за отстранување на урбана опрема од „Бизнис“ кафе, поради немање дозвола за поставување на истата. Сопственикот на кафулето вели дека постапката за добивање на потребната дозвола е отпочната уште на 8-ми мај, два дена откако му било посочено дека треба да го направи тоа, но истата се уште не е завршена, oд страна на надлежната служба. Иако тоа го предочил на инспекторот, извршувањето не било запрено и подигнат е дел од поставената опрема, односно маси и столови.

-Инспекцијата во придружба на полиција започна со отстранување на урбана опрема од приватен имот и покрај моето укажување дека во тек е постапката за добивање дозвола.-вели сопственикот на кафулето. За проблемот тој ја известил локалната самоуправа, од каде добил уверување дека истиот ќе биде решен во најбрз можен рок.

Сопственикот на „Бизнис“ кафе вели дека нема намера да ги прекршува прописите, и дека редовно ги подмирува јавните давачки, но смета дека надлежните институции треба да имаат толеранција и разбирање во случај кога угостителот има покренато постапка за добивање на соодветна документација за вршење на дејност, затоа што на овој начин се урива имиџот и на објектот, но и на туризмот во целина.

OhridNews