Најмалку 20 шефови на држави ќе присуствуваат на испраќањето на починатиот претседател на Венецуела, Уго Чавез, чие тело, на кого почит од средата му оддадоа два милиони луѓе, пренесува „Макфакс“.

Телото на Чавез е изложено во воената академија во Каракас. Токму поради тоа властите на Венецуела одлучија, по примерот на Ленин и Мао Цедунг да го балзамираат телото на покојниот претседател. По последното испраќање неговото тело ќе биде изложено уште најмалку седум денови, изјави потпретседателот Николас Мадуро.

Чавез почина во вторникот по двегодишната борба со ракот.

На погребот на Чавез ќе присуствуваат повеќето претседатели на јужноамериканските држави, вклучувајќи го и кубанскиот Фидел Кастро, најавено е присуство и на шефот на иранската држава Махмуд Ахмадинеџад, додека сеуште не е познато каква делегација ќе испратат САД.

Според најавите телто на починатиот претседател на Венецуела ќе биде балсамирано.

Актуелниот потпретседател на Венецуела Николас Мадуро, во петок ќе положи заклетва како привремен претседател и ќе ја води државата се до изборите кои треба да се одржат во рок од 30 дена.

OhridNews
извор:„Макфакс“