Последните случувања на меѓуетнички план ќе бидат дел од темите за кои еврокомесарот за проширување Штефан Фуле ќе разговара со македонските власти во четврток, кога стартува претпристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ, најави неговиот портпарол Петер Стано, пренесува „Макфакс“.

Европската Комисија ги осуди последните инциденти и ги поздравија изјавите на политичките лидери, кои ја истакнале „посветеноста кон владеењето на правото“.

Европската Комисија, како што рече Стано, ја следи ситуацијата во земјата, посочувајќи дека, според нивните сознанија, државните и локалните власти веќе покренале детална истрага за случувањата.

Го нагласи уверувањето дека „клучните играчи во земјата, политичарите и граѓанското општество ќе присптапат внимателно кон емотивните последици и ќе побараат враќање на мирот во земјата“.

Најави дека спроевдувањето на Охридскиот рамковен договор, а во тие рамки и последните случувања во земјата, ќе бидат дел од разгворите.

„Спроведувањето на тој договор е важно и секако ќе биде една од клучните теми на дијалогот“, рече Стано на денешната прес-конференција во Европската Комисија во Брисел.

OhridNews
извор: “Макфакс“