„Последниот танц беше епски“. Ова беа зборовите кои српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги упати кон еден од својите најголеми ривали во богатата кариера – Рафаел Надал.

Ѓоковиќ со 6:2, 7:6(5) го совлада Шпанецот во мечот за третото место на егзибицискиот турнир „Сикс кингс слем“ во Саудиска Арабија.

Пред само неколку дена, Надал го објави претстојниот крај на својата натпреварувачка кариера.

И, се разбира, беше и емотивно. Засекогаш ќе го негувам нашето ривалство. Ќе му недостигаш на тенисот. Каков посебен турнир, сподели Ѓоковиќ во објава на социјалната платформа Инстаграм, каде објави неколку заеднички фотографии со Надал.

Светскиот рекет број еден, Јаник Синер (Италија) ја освои наградата од 6 милиони долари на егзибицискиот турнир наречен „Сикс Кингс Слем“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Синер во финалето го совлада Карлос Алкараз (Шпанија) со 6:7(5), 6:3, 6:3 за два часа и 21 минута игра. Нешто порано. Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Шпанецот Рафаел Надал со 6:2. 7:6(5) во мечот за третото место.

OhridNews