„Последниот Македонец – патот до истребување“, режисерското дело на охриѓанецот Илија Пиперковски, на 7-ми и 8-ми ноември ќе биде прикажан во струшкиот Центар за култура „Браќа Миладиновци“. Проекцииите на филмот ќе бидат во 19 часот, а влезниците чинат 100 денари.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Сашко Коцев, Ненад Начев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски и Биљана Драгичевиќ-Пројковска.
Продуцент на „Последниот Македонец – патот до истребување “ е Снежана Лупевска-Созен, извршни продуценти се Огнен Антов и Владимир Анастасов.
OhridNews