Вечерва, 23 ти мај, во предвечерјето на денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, на програмата на МТВ1 , од 23:05 часот, по барање на гледачите повторно ќе се емитува играно-документарниот филм “Последниот Македонец – патот до истребување”, во режија на Илија Пиперкоски. Продуцент Снежана Лупевска Созен, сценарист Александар Кукулев, монтажата е на Данчо Стефков. Директор на фотографија Дејан Димески, а композитор Оливер Тевчев.

Вечерва во 23.05 часот – Играно документарниот филм ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ на МТВ 1

Geplaatst door МРТ1 Промо op Zaterdag 23 mei 2020

Во филмот играат : Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Билјана Драгичевиќ Пројковска, Митко С. Апостоловски….

– Крвопролевање, разделба на семејства, моќта на соседите, желбата за уништување на Македонија, татковина распарчена на многу делови и херои со големи планови и силна желба да останат свои на своето…Тоа е Последниот Македонец… Оној кој ја испишува нашата историја. 100 години подоцна, по бројните разделби и уништувања, еве не повторно, со неколку чекори сеуште во историјата. Ова е филм за тешките премрежја и за драматичните историски скршнувања; За предавствата и за разединетоста; За туѓите пропаганди и за домашните издајници; За вербата во слободата и за подготвеноста да се даде најдрагоценото за Народот и за Татковината… – вели режисерот Пиперкоски.

Во филмот кој е поддржан со сретства на Агенцијата за филм на Република Макеоднија во ко-продукција со Македонска радио телевизија.

OhridNews