Воденичарството одамна е занает во изумирање. Некогаш секое село имаше по една па и повеќе воденици, каде се мелеше житото. Денес работата на воденичарите им ја презедоа модерните мелници, а и се помалку луѓето во селата садат жито и пченка.


Една од последните воденици опстојува во селото Вевчани. Чичко Тане е единствениот воденичар. Вели дека му натежнале годините а нема кој да го наследи. Сите негови потомци живеат во Скопје, завршиле факултети, докторати, никој нема да се врати во селото да биде воденичар. Не сакаше да застане пред фото објективот, но ни ја раскажа неговата приказна.


Работа за чичко Тане се уште има. Воденицата меле секојдневно жито и пченка, кои се носат дури и од Дебар. Тука се произведува и фино брашно од кое се прави познатиот вевчански кашаник, но и пченкарно и сточно брашно.

OhridNews