Романот „Последната приказна“ кој е прво дело на младата писателка Ели Радеска, ќе биде промовиран во недела на 23-ти ноември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
–Книгата е животна драма за подемите и падовите на една личност која трага по среќата и љубовта. Потрагата носи ненадеен пресврт во нејзиниот живот после што веќе ништо нема да биде исто. Овој роман во вас ќе ги разбуди најдлабоките емоции…, пишува во освртот на книгата.
Промоцијата на книгата ќе се одржи во 12 часот во изложбениот салон на центарот.
OhridNews