Новиот сингл на „Last Expedition“ – „Одиме на Охридско море“ е веќе во радискиот етер.
Станува збор за четврти сингл на „Експедицијата“, кој го најавува нивниот четврти студиски албум, до крајот на 2020-та…
Сакале – нејќеле ние полека дојдовме до пола албум. Сингловите ‘Hey Ho’, ‘Срце со себе’ и новата верзија на ‘Шефе’, снимена со пријателите & фановите го отворија патот за ‘Одиме на Охридско море’.Постојат песни кои се осмислени и треба да се снимат, па, реално е да се очекува нов албум на ‘Last Expedition’ до крајот на 2020-та година. Ова ќе биде првата наша студиска објава по цели 23 години, кога во 1997-ма беше објавен сега веќе култниот ‘Box’ – вели Енко, прв човек на „Експедицијата“.
За „Одиме на Охридско море“ е реализирано lyrics видео. Би било добро кога вредноста и важноста на песната, која е веќе хит во домашниот музички етер, би ја препознале и институциите и/ или спонзорите, и овој меинстрим бисер би ја добил заслужената визуелизација.
Дотогаш, уживајте во песната од било која локација на Македонија.
Ова лето „Одиме на Охридско море“.
А, зошто би било и инаку? – порачува „Последната експедиција“.
OhridNews