Викендов на терените од југо-западна Македонија ќе се одигра последната 13-та рунда од есенската полусезона во Третата фудбалска лига.
Мечевите во првата полусезона Охрид и Воска ќе ги завршат на домашен терен, додека Сатеска на гостински. Охридските бели ќе се сретнат со Влазними, а Воска на „Грашница“ ќе го пречека тимот на Могил. Сатеска гостува кај екипата на Лирија.
Последната рунда во Третата македонска фудбалска ќе биде одбележано со дерби средбата помеѓу првопласираниот Кораб и второпласираниот Кравари во Дебар.
Двојки: Преспа – Фљамуртари, Охрид – Влазними, Воска – Могила, Октиси – Баир Кркардаш, Кораб – Кравари, Лирија – Сатеска, Караорман – Велешта.
Табела: Кораб 33, Кравари 28, Фљамуртари 26, Караорман 21, Преспа 19, Могила 18, Сатеска 16, Охрид 16, Велешта 16, Влазними 15, Лирија 13, Октиси 9, Воска 7, Баир Кркардаш 0.
OhridNews