Викендов во Бизнис лигата во мал фудбал која се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се комплетираат натпреварите и ќе се дознаат патниците во нокаут фазата.

Пласман понатаму во Бизнис лигата обезбедуваат првите четири екипи на табелата. Првопласираната игра со четвртопласираната, а второпласираните екипи силите ќе ги одмерат со третопласираните.

Двојки:

Сабота: АСП Пак – Жито Леб (13ч), Костал – Општина Охрид (14ч)

Недела: Општина – ЈП Нискоградба (13ч), ЛТХ Леарница – Еко Шпар (14ч), ЈП Комуналец – Костал (15ч).

Табела:

Група А: Хотел Метропол 10, Жито Леб 7 (-1), АСП Пак 6 (-1), ЈП Проаква 3.

Група Б: Костал 7, ЈП Комуналец 7, ЛТХ Леарница 6, Еко Шпар 6, Општина Охрид 4, ЈП Нискоградба 0.

OhridNews