Тоа е случај и со 20 работници, кои се согласиле да одат на „последна мисија“. По земјотресот, цунамито и серијата експлозии, гаснењето на реакторите во нуклеарката Фукушима веќе не спаѓа во нормална работа.
Компанијата ТЕМПЦО и Токио Електрик побарале доброволци и луѓе со искуство да помогнат и да спасат она што може да се спаси, односно животите на луѓето во околината на нуклеарната електрана.
На овој повик се одзвале 20 доброволци и херои кои се придружиле во гаснењето на нуклеарките. Агенциите пишуваат за двајца работници, кои прифатиле ваква ризична работа, за да го спасат користењето на атомска енергија.
Според педесет и шестгодишен работник, ако оваа работа пропадне во Јапонија, користењето на атомска енергија во целиот свет ќе биде доведена во прашање.
Неговата ќерка на Твитер го опишала моментот кога нејзиниот татко и кажал дека се одлучил да помогне. Чувствувала гордост и страв поради неговата одлука.
„Се борев со солзите кога слушнав дека татко ми кој има само шест месеци до пензија, прифатил да помогне“ напишала на Твитер.
Нејзиниот татко веќе со децении се занимава со работа во нуклерани електрани има богато искуство со се што е поврзано со производството на атомска енергија.
Другиот работник пак, и напишал проштално писмо на сопругата. И порачал да се соочи со тоа дека можеби повеќе никогаш нема да ја види.
“Макфакс“