Денеска истекува последниот рок од Јавниот повик за бесплатен одмор на децата од семејства со социјален ризик кој го објави Министерство за труд и социјална политика.

Оваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, родителски додаток, децата  без родители и родителска грижа и деца корисници на посебен додаток, родени во периодот од 2000 до 2005 година  и/или деца редовни ученици  кои во учебната 2014/2015 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и девето одделение.  

Услугата ќе се користи во текот на летниот распуст во смени од по 7 дена, во Детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга. Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони, едукативни, забавни и спортски активности.

За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење.

OhridNews