Денеска истекува рокот до кој сопствниците треба да ги отстранат пловните објекти кои се оставени во дворното место
на Хидробиолошкиот институт,  или се паркирани во каналот Студенчишта од страната на Заводот.


Доколку
тоа не биде направено, пловните објекти ќе ги отстрани Комуналната инспекција на товар на сопствениците.


Пловните објекти треба да се отстранат заради отпочнување на градежните работи за поставување биофилтер на затвореното
мрестилиште за одгледување подмладик и матици на охридска пастрмка во Хидробиолошкиот институт, кое
е изгрaдено со донација од владата на кралството Норвешка. Средствата
за поставување на биофилтерот кој ќе ги пречистува отпадните води од
мрестилиштето ги обезбеди Министерството за земјоделство, шумараство и водостопанство, а дел се
сопствени средствата на Хидробиолошкиот институт.

Ohridnews