Иконата на македонскиот фудбал Горан Пандев, денеска, ќе стави точка на репрезентативната кариера и против Холандија ќе го одигра последниот натпревар во националниот дрес.

„Црвено жолтите“ со денешниот натпревар против Холандија ќе ги заокружат мечевите на дебито на Европското првенство. Резултатски до сега не поминавме најдобро, но сонот на Пандев и на многу генерации е исполнет со самиот пласман помеѓу најдобрите селекции.

Што се однесува до Пандев, со мали прекини цели 20 години е дел од репрезентацијата. Преживеа смени на селектори и претседатели, исклучиво воден од љубовта кон таткотвината и дресот на Македонија. Пандев беше и остана пример и идол на помладите.

Денеска, македонските репрезентативци, предводени од Пандев треба да изгинат на теренот и со позитивен резултат да го испратат популарниот „Гоче“ помеѓу легендите каде што му е местото.

OhridNews