Кошаркарите на АВ Охрид во среда со почеток во 17 часот против тимот на Крка ќе го одиграат последниот меч на домашен терен во дебитанската сезона во Втората АБА лига.
Бодовите од дуелот во СРЦ „Билјанини Извори“ повеќе од потребни му се на гостинскиот состав кој се бори за што подобра позиција на почетокот од разигрувањето.
– Сакаме да се преставиме во најдобро светло во последниот дуел пред нашите гледачи. Тимот на Крка има квалитет и е голем фаворит на мечот, но ние во ниту еден дуел сезонава не се предадоваме. – изјави тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.
– Имавме ден повеќе одмор за разлика минатите натпревари и на дуелот со Крка ќе одиме да се надигруваме. Низ неколку мечеви сезонава покажавме дека можеме, а сигурно ќе пробаме и мечот со Крка. – додаде Рос Кенет.
Охридскиот стратег за мечот со Крка на располагање ќе ги нема капитенот Антонио Донески и Војче Лефковски, додека право за настап нема Фил Хенри.
OhridNews