Денеска е последниот ден за уплата на задолжителната котизација за настап во Првата и Втората фудбалска лига. Котизацијата треба да се уплати на две еднакви рати, по 6000 евра за Првата лига и 4000 евра за Втората лига.
Од ФФМ се децидини “
кој нема да ја плати котизацијата нема да може да се натпреварува.“ Ждрепката за следната сезона во двете лиги но и за првите натпревари од Купот ќе се одржи на 7 јули во среда.
Оваа година Првата лига ќе брои 12 екипи и ќе се натпреваруваа во три круга, додека Втората МФЛ година прептре проширување и ќе се надигруваат 16 екипи во двокружен систем.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com