Денеска е последен ден за пријавување на заинтересираните екипи за учество на третиот по ред турнир во мал фудбал со меморијален карактер „Климент Колески 2017“.
Наградата за победникот на меморијалниот турнир изнесува 150 000 денари што го прави еден од „најтешките“ во регионот. Меморијалот започнува на 15 август, а на 12 август ќе се изврши ждрепка за изгледот на групите.
Учеството на турнирот изнесува 6 000 денари, а за сите подетални информации околу турнирот на следниот број 078 665 667.
OhridNews