Денеска е последен ден за пријавување за учество на Картинг трката Римо која ќе се одржи викендов по теркот на Формула 1.

Сите заинтересирани без разлика на возачкото искуство можат да се пријават и да бидат дел од највозбудливиот спортски настан во Охрид. Забава и дружење ќе има во изобилство, а адреналинот кој го носи авто мото спортот ќе се погрижи за атмосферата во Картинг центарот.

Пријавувањето трае до 24 часот, а може да се направи на телефонскиот број (075 881 351) Марио.

OhridNews