Денеска е последен ден за пријавување за учество на јубилејниот 45-ти турнир во мал фудбал „Петровден 2019“, кој ќе се одржи од 19 јуни до 12 јули во Мешеишта.
Сите заинтересирани екипи учеството на турнирот можат да го потврдат кај лицето Игор Крцоски – Манце (075 701 800). Учеството чини 3 000 денари.
Ждрепката за еден од најстарите турнири во мал фудбал во регионов е закажана на 18 јуни во 21 часот во Домот на Културата во Мешеишта.
OhridNews