Денеска истекува рокот за пријавување на кандидати за избор на спортист на Охрид за 2006 година.
Сојузот на спортови неодамна објави јавен повик за избор на спортист на Охрид, а предлозите во уредна форма и со образложение можат да бидат доставени до градската спортска асоцијација само уште денес.
Наградите на најдобрите спортисти традиционално ќе им бидат врачени на почетокот од 2007 година.