Денес истекува рокот за откуп на дворното земјиште.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, информираше дека владата на една од наредните седници ќе донесе одлука дали да го продолжи рокот за откуп на дворно земјиште.

Ние направивме се што можеме да ја поедноставиме процедурата. Граѓаните можеа само со лична карта да дојдат и да го отпочнат процесот, а потоа да го докомплетираат “, рече Ставрески.

Според последните податоци, преку 70.000 граѓани досега имаат поднесено барање за откуп на дворното земјиште по цена од едно евро за метар квадратен.

OhridNews

извор: Makfaks