На некои среќници после земјотресот во Кина им успеало да ги извлечат автомобилите од под рушевините и повторно да ги запалат.
Затрупаните автомобили од земјотресот се покажале мошне отпорни исто како и целата земја. По принципот подобро нешто отколку ништо, жителите на погодените подрачја се обидувале да ги запалат своите автомобили, кои наизглед биле непоравливи. На некои од нив тоа им тргнало од рака. Иако кинескиот сообраќаен закон има сигурносни стандарди за изгледот и безбедноста на возилата, полицијата нив ги толерира. На улиците се чести глетките да се возат автомобили како овој на фотографијата.